„За четири дена починаа и мајка ми и татко ми“: Сергеј Ќетковиќ се „скрши“ во емисија - Ги спомна родителите, а еве како се справува со загубата

Поп пејачот Сергеј Ќетковиќ вели дека за неколку дена ги изгубил и двајцата родители.
Во една емисија тој објасни дека никогаш не знаеме што не чека во животот, како и што му претставувале неговите родители.
- Сосема неочекувано, не можам да кажам филмски. Затоа што не знам кој би можел да напише сценарио од тој тип каде четири дена стоиш на исто место и се збогуваш со луѓето кои те донесоа на свет. Толку многу прекрасни и одлични луѓе во секоја смисла на зборот. Луѓе кои ми беа најдобри пријатели, поддршка, љубов, родители - изјави Сергеј во емисијата „Из профила“, а потоа додаде:
- Да не навлегувам во некоја патетика, но дефинитивно како некој, да ми скинал дел од мене. Но, од друга страна знам дека имаме исти цели, сите се движиме кон тоа и како што велат нека оди по ред, што е единствената вистина. Често се сеќавам кога сето тоа се случуваше, дојде еден пријател на моите родители и со поглед ми рече: „Веќе не си дете – потоа подоцна сфаќаш дека кога немаш родители, тогаш веќе не си дете“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs