Вторник: Хороскопот ветува надеж за Бик, а Лавот го очекува нова љубов

Прочитајте што ни носи хороскопот за денешниот ден.

Овен

Работа – Тешкотиите кои ги имавте полека поминуваат. Ќе бидете во одлично расположение доколку направите план на своите обврски. Одморете денес.

Љубов – Сакате да бидете доминантни и да сугерирате одредени промени кои сметате дека се потребни. Тоа е добро, но бидете подготвени за компромис.  

Здравје – Солидно.  

Бик

Работа – Не дозволувате големи пропусти во тоа што сте го наумиле. Поминете го денот во размислување.

Љубов – Оние кои се чувствуваат осамено би требало малку повеќе да се активираат на социјален план. Не можете да заобиколите некои работи.  

Здравје – Повремена нервоза.

Близнаци

Работа – Постои одредена доза на надеж дека работите кои што ви се насобраа ќе ги завршите во текот на следните денови. Ќе морате да бидете подготвени на напорна работа, но и компромиси.  

Љубов – Полето на љубовта е активно кај вас. Морате со резерва да ги прифатите одредените ситуации кои се случуваат. Ви се допаѓа личност родена во знакот Риби, но треба да сте внимателни.

Здравје – Внимавајте на имунитетот.  

Рак

Работа – Не сте во лошо расположение, доколку соработувате со личност родена во знакот Јарец. Ќе прифатите одредени предизвици, а тоа ќе ви донесе успех. Имате голема поддршка од таа личност.

Љубов – Не ви одговара однесувањето на партнерот. Кога се емоциите ов прашање, не можете да се расфрлате на сите страни, без тоа да има некаков ефект над другите. Бидете внимателни.  

Здравје – Опуштете се.  

Лав

Работа – Не се грижите толку за финансиите, туку свесни сте дека ви е потребен шопинг. Имате одличен став на работа и не сакате да бидете во подредена ситуација. Тоа ви носи задоволство.  

Љубов – На повидок се нови љубовни случувања. Доколку сте сами, не морате да го земате пресериозно изборот кој ви се нуди. Уживајте.  

Здравје – Можни се проблеми со срцевите мускули.  

Девица

Работа – Доколку сте загрижени за заработуачката, не морате долго да очајувате, бидејќи од вас се бара да бидете доволно сконцентрирани на моменталните можности.  

Љубов – Имате многу причини да се чувствувате како да сте во втор план, кога станува збор за партнерските односи. Планетите се одлично поставени, кога станува збор за емоциите.  

Здравје – Главоболки.  

Вага

Работа – Во суштина, имате одлична стратегија кога станува збор за парите. Имате одличен став во однос на новите вложувања. Ве очекува успех.  

Љубов – Морате да бидете свесни за својот потенцијал. Не можете да ги добиете сите работи во еден обид.  

Здравје – Мала треска.  

Шкорпија

Работа – Не се откажувате од зацртаната цел, која ви нуди многу предизвици. Доколку сте трговец на финансиските пазари, сметајте на успех.  

Љубов – Ве очекува кратка авантура. Крајот на денот ќе го поминете во убаво друштво.  

Здравје – Стомачен вирус.  

Стрелец

Работа – Доколку очекувате разрешување на ситуацијата на работа, добро би било да бидете трпеливи. Ќе имате нова прилика за некое време.  

Љубов – Немате потреба да се чувствувате осамено. Уживајте во друштвото со пријателите.  

Здравје – Пад на имунитетот.

Јарец

Работа – Ќе бидете благодарни на пријателите на услугата кои ви ја имаат направено за конкретна работа. Вреди да пробате нови нешта, бидејќи тоа ќе ви донесе повеќе пари.

Љубов – Партнерот ве поддржува целосно. Можен е контакт и со некоја симпатија од порано.  

Здравје – Несоница.  

Водолија

Работа – Немате намера уште долго да се обидувате на полето на работата, бидејќи сметате дека тајмингот не е добар за тоа. Сепак, почитувајте ја работата на своите колеги.  

Љубов –Не сакате врска на далечина. Некои работи едноставно не можете да ги добиете така лесно и тоа морате да го прифатите.

Здравје – Зголемете ја својата физичка активност.  

Риби

Работа – Сакате слобода во работата и да се осамостоите. Сепак, тоа не е возможно во овој момент.

Љубов – Не ви се допаѓаат патетиките од страна на вашиот партнер, па ќе бидете склони кон чести промени во расположението. Сакате многу повеќе од тоа што го имате.  

Здравје – Витални сте.