Време е да ја слушнете вистината од прва рака: Хари искрен до болка пред цела Британија

Принцот Хари вчера присуствуваше на хуманитарен настан од неговата фондација посветен на менталното здравје и здравјето посветено на децата заболени од ХИВ вирус.

Ова јавно појавување го искористи и искрено да каже за одлуката која ја донесоа со Меган Маркл да се повлечат од кралските должности.

„Пред да започнам, морам да кажам дека можам само да замислам што сте слушнале или прочитале изминативе неколку недели.


Па, сакам да ја слушнете вистината од мене, не како принц или војвода, туку како Хари, истата личност што многумина ја гледавте како расте и се менува изминативе 35 години. Обединетото кралство е мојт дом и местото што го сакам. Тоа нема никогаш да се промени. Пораснав чувствувајќи поддршка од многу луѓе и гледав како ја дочекавте Меган со раширени раце. Ме гледавте среќен што ја пронајдов љубовта на која се надевав цел живот. Се радувавте дека се ожени вториот син на Дајана. 

Знам дека ме познавате доволно за да ми верувате дека жената што ја одбрав за моја сопруга ги дели истите вредности со мене. Тоа е жената во којашто се вљубив.

И двајцата даваме сѐ од себе да ги исполниме нашите должности за оваа држава со гордост. Штом се венчавме со Меган, бевме возбудени, бевме полни со надеж и бевме овде да служиме.

Од тие причини, ме растажува што дојде до ова. Одлуката што ја донесовме со сопругата не ја донесовме лесно. Го направивме тоа после многу месеци зборување, после многу години со предизвици. Сакам да нагласам дека ние не си заминуваме, а сигурно не ве напуштаме вам.“
- беше дел од изјавата на Хари.

Целосно може да погледнете во продолжение: