Возбудлива игра на Весна и Боро, ѕирнете во несесерот на Јованка

Сака да трага по добрината и да верува во чуда. Љубица Ангелкова, ПР експерт, ни откри како ѝ почнува, а како и завршува денот во нашата редовна рубрика УТРИНСКО КАФЕ.

- Обожувам кафе, пијам само едно, утринско и мора да биде совршено. Под совршено подразбирам потекло на зрната, начин на подготовка.. мирис и вкус и софистицирана шолја за моето еспресо со соодветна музика, нешто за читање избрано со причина.. И мир! Совршен мир! - порачува Ангелкова.

Легендарната манекенка со најубави сини очи, сега организаторка на настани и свадби во хотелот „Мериот“, Јованка Ивановска (50), специјално за „Женски магазин“ ги открива своите ритуали за убавина. Вели, никогаш не експериментира и користи проверена козметика и никогаш не отишла во постела пред да ја извади шминката. Кој е нејзиниот омилен парфем и што носи во несесерот, откријте ОВДЕ.

Петок е ден за уште една возбудлива авантура од нашиот популарен серијал „Еротски приказни“.  Колку и да сакаме настаните во животот да ги контролираме, тие си фаќаат сопствен правец и тек. Така е и со луѓето. Колку и да му посакуваме среќна иднина на некој наш близок, таа никако да се случи. Целата епизода ја имате на овој ЛИНК.

И ако се' уште се мислите како да се дотерате, блеснете во кожено здолниште.

Имајте убав викенд и чекорете со СТИЛ!