Од мајка ми научив како се сака: Искрено интервју со Џамбазов

Еден бивш премиер, во една прилика, мртов сериозен ми кажа: А бе, што ќе ви се на вас глумците пари? Па, не ни требаат. Ни тогаш, ни сега. Ни треба само малку повеќе почит – вели актерот.

Игор Џамбазов е заштитен знак не само на македонското глумиште, туку и човек кој со својот шарм и отвореност успева да го допре срцето и на обичниот човек - од најзафрленото демирхисарско село па се` до поширокиот балкански регион. Со Џамбазов поредновогодишно разговаравме за сите негови животни подеми и падови, за тоа што научил од дедо му Петре Прличко, но и за тоа зошто театарот и жените се уништувачки ама и неопходни

Во времето пред и за време на празниците луѓето ги обземаат еуфорија или пак чувство на депресија. Каде се наоѓате на оваа скала?

Џамбазов: Сите ние сме некаде помеѓу депресијата и еуфоријата. Тоа е оној ден во годината кога депресивните се обидуваат да бидат еуфорични. И тоа не изгледа баш најсјајно. Kога обично го трошиме целиот буџет за месец јануари, па некаде после Водици, не` стигнува голема доза на каење. Кога бев дете, сето тоа беше толку многу волшебно, мистично и романтично... Во деведесеттите години од минатиот век беше развратно, лудо и незаборавно. Постојат две или три нови години на кои едноставно не се сеќавам, а викаат убаво сме си поминале, хехехехе... Денес, Новата година ни е нешто што мора да помине, некаков товар, обврска, што ли? А не е ништо друго освен еден здодевен кич. Кич до бесознание.

Вашиот приватен живот- подеми или падови е на целосен увид на јавноста.  Никогаш не сте ги криеле ни сопствените пороци и маани - дури и пишувавте за нив. Дали ваквото соголување понекогаш предизвикало негативни искуства или напротив – имало терапевтска улога?

Џамбазов: Е, токму тие негативни чувства се обидов да ги претворам во нешто позитивно, нешто вредно. Седнав и почнав да пишувам. И тоа се покажа како најдобрата можна терапија. И што е најважно...делува. Па и денес, кога тие негативни чувства ги има во сосема нормални, подносливи дози, јас сум мирен, затоа што ја имам терапијата во сопствената глава.


Целото интервју на најпознатиот шоумен во земјава прочитајте го на Фактор.