Во колку часот најчесто се раѓаат бебиња?

Наодите на Колеџот Лондон добиени со анализа на податоци за 5 милиони раѓања што се случиле помеѓу 2005-та и 2014-та година покажуваат кои се омилените часови за породување.

Податоците собрани во Англија покажуваат дека најголем број на спонтани раѓања се забележани во 4 часот наутро или во периодот од 1-7 часот наутро. Со оглед на количината на раѓања земени во предвид, очигледно е дека бебињата избираат да дојдат на свет во раните утрински часови кога темпото на живот е посмирено и потивко. Студијата се обидува да го оптимизира работното време на лекарите задолжени за породување и акушерите, за да се види дали ќе се зголемат ноќните смени.

Се разбира, планираните царски резови, според желбите на лекарите, се случуваат во утринските часови, во текот на првата утринска смена. Но, ако се прашуваат бебињата, можеби би избрале уште порано, пред да се раздени.