Во „Аџибадем Систина“ за прв пат изведена операција на срце кај двегодишно дете со минимална инвазивна техника

Операција на вродена срцева мана кај дете со мининална инвазивна техника се изведе за прв пат на одделот за детска кардиохирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Станува збор за двегодишно дете кое е оперирано со страничен пристап до срцето, нешто што досега ретко се применува и на Балканот. Операцијата ја изведе кардиохируршкиот тим од болницата, а детето брзо заздравува. Со интервенциите при кои се употребува минимално инвазивна техника и ваков пристап, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уште еднаш докажува дека е на врвот, на патот да биде центар  за лекување на деца со срцеви проблеми, единствен на Балканот.

Интервенцијата инаку е изведена кај  дете кое има само 13 килограми со дијагноза атријален септален дефект. Била изведена со десна торакотомија од пет до седум сантиметри односно десна инцизија од градниот кош, односно се оперирало со страничен пристап до срцето. Тимот специјалисти ја изведе операцијата успешно, а бенефитите за детето се огромни од аспект на забрзано заздравување, но и од естетски план.

„Станува збор за пристап кој за прв пат се присссменува во нашата болница, но можеби и за прв пат во нашата држава кога станува збор за интервенција кај двегодишно дете. Особено ни е драго што навистина применуваме техники и методи кои се користат во најразвиените болници во светот. Ова е само доказ дека нашиот тим  работи одлично, вели Владимир Чадиковски детски кардиохируг.

Детето беше пуштено на домашно лекување по четири дена. Интервенцијата е доказ дека тимскиот и мултидисциплинарен пристап на двата тима од Македонија и од Турција во третирање на децата со вродени срцеви аномалии се повеќе вродува со плод. За тоа сведочат и резултатите од изминатиот период. Главната стратегија е да се згрижат сите деца во земјава со срцеви мани.