Внимавајте кого ќе пуштите во животот- тоа е најважната лекција

Човек треба добро да внимава кога ќе пушти во својот живот. Луѓето на кои им дозволуваме пристап до нашите најдлабоки предели ќе ја одредат не само нашата иднина, туку и квалитетот на нашата сегашност. Ќе го одредат и тоа дали ќе живееме во мир и среќа или постојано ќе бидеме во некоја тивка војна со другите.

Луѓето кои ги пуштаме во нашиот живот можат да ни го претворат животот во рај или пекол. Тие ќе одредат дали наутро ќе се будиме со насмевка на лицето или ќе се прашуваме како ќе преживееме уште еден ден.

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Тие луѓе ќе одредат колку можеме да бидеме свои, а колку ќе играме по нивен ритам, благодарејќи на нашиот страв од туѓото его.

Ќе одредат колку убави спомени ќе имаме или пак ќе бегаме од нашто минато? Тие луѓе ќе одредат и кои чувства ќе ги добиеме, но истовремено и ќе ги дадеме, затоа што покрај негативни луѓе невозможно е да се даваат позитивни чувства.

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Колку и да мислиме дека сме силни и дека ништо однадвор не може да влијае на нашите одлуки, невозможно е да не паднеме под влијание на луѓето кои незабележливо ни влегуваат под кожа.

Онолку колку што ќе дозволиме негативни луѓе да ни се приближат, толку еден ден ќе се обидуваме да бегаме од самите себе, затоа што кога ќе пуштиме одредени луѓе во животот, невозможно е тие луѓе да не останат засекогаш во нашите чувства и размислувања.

Над сѐ, мораме да внимаваме кого ќе пуштиме во животот. Тоа е најважната животна школа и без неа, сѐ останато паѓа во вода.

Затоа, понекогаш оддалечете се од сите и од сѐ и добро размислете каде ќе ги поставите границите, бидејќи внатрешните огради можат да ви го спасат или упропастат животот.

Никој не може да каже дека не знаел дека ќе му се случи она што му се случило, затоа што меѓучовечките односи не се ништо друго освен чиста математика.

Ако на влезната врата од својот живот имате само срце, но не и разум, еден ден ќе биде предоцна за да се исчистите од сѐ што сте примиле во него.

Затоа навреме водете сметка за тоа!