Влегов во шахта за да снимам видео: Интервју со јутјуберката Оливера Каменаровска

Оливера Каменаровска или попозната како Oli Dambo е една од ретките девојки кај нас што снима и објавува видеа на Јутјуб. Оваа петнаесетгодишна јутјуберка ја запознавме и преку улогата што ја што ја имаше во неодамна снимениот долгометражен, тинејџерски филм „Ема“. Оли за Hashtag.mk открива со кои јутјубери најмногу се дружи, кое ѝ е омилено видео и што би правела доколку нема Интернет...

* Како започна твoјата YouTube приказна?

- YouTube ми е главна занимација веќе две години, но дефинитивно сè е многу поразлично од почетокот. Сега веќе не е само желбата, туку имам и голема мотивација, а затоа сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ме следат и на кои им се допаѓаат моите видеа. До идејата да почнам со YouTube, дојдов искрено преку ноќ. Претходно ја знаев само Изабела Пан, а во моментот кога ми текна да снимам почнав да пребарувам и запознав уште неколку македонски јутјубери (поголем дел не снимаат денес.) И потоа  го снимив и објавив моето прво видео. Снимам затоа што ме прави среќна да гледам дека нечиј ден се разубавува кога ќе погледне некое мое видео и затоа што преку YouTube запознав многу интересни луѓе.

Целото интервју го имате на HASHTAG.MK