ВИСОКИ ЦЕНИ ВО НИСКА СЕЗОНА: Колку ќе потрошите на грчките плажи?

Иако летната сезона е при крај, цените за пијалоците и за храната во Грција се исти како и во екот на сезоната. Сместувањето е како и секоја година при крајот на септември е со намалени цени, но рестораните и баровите на плажа сѐ уште ги држат сезонските. 

И овој викенд, метеоролозите прогонозираат топло време во Грција, па ако планирате да поминете викенд на блиска грчка плажа, еве колку би потрошиле во местото Неа Каликратиа, кое се наоѓа 40 километри по Солун. 

Големо точено пиво на плажа чини 5 евра, мало 3-4 евра, безалкохолен пијалок 4-5 евра. Гирото во рестораните за брза храна е нешто помалку од 3 евра, а порција гиро во ресторан е околу 7 евра. Од 6 до 10 евра чинат и готвените јадења во рестораните на самата плажа.

Слични се цените и за морските специјалитети. За порција гирици ќе треба да издвоите 6 евра, за лигњи 7, а за октопод и слични морски специјалитети 9 до 10 евра од порција.

Сместувањето е со различни цени. „Букинг“ нуди апартмани за 4 лица од 35 евра па нагоре, додека домашните туристички агенции имаат акциски цени, и до 50 евра за четири лица, за седум дена. (М.Џ.)