Виртуелен секс: Неверство е или не?

Дали е можно да се измами виртуелно и како тоа влијае на врската. Дали е неверство виртуелниот секс? Порно сајтови, сајтови за дружење - виртуелниот секс се повеќе се зголемува.

Новото неверство?

„Неодамна живеевме со мојот пријател под еден покрив и ох, хорор! Открив дека тој постојано оди на сајтови за дружење и во порно-сајтови“,  споделува една од учесниците на форумот на тема Интернет-неверство.„Повеќето негови сексуални фантазии се интересни и за мене и со задоволство би одговорила на нив “, додава таа.

Членовите на Интернет-заедницата веднаш одговориле со мешани мислења. Една ја советуваше да го стори истото затоа што таа исто така има право да фантазира и дека така ќе го промени гледиштето на партнерот. Додека другите и даваа совети веднаш да го собере багажот и да се исели, или да добие здрави нерви и да издржи. Но, немојте да се надевате дека тоа ќе се промени.

Што е со мажите и жените кои седат на компјутер додека нивниот партнер спие во соседната соба или гледа телевизија, прочитајте на Машки магазин.