ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Кучкин син“ (Верица Пандиловска)


Комплетен автор на една од најслушаните песни од репертоарот на Верица Пандиловска е Тоше Поп Симонов. Минатата година во интервју за порталот „Публицитет“ пејачката откри дека на почетокот не сакала да ја сними оваа нумера најмногу поради експлицитниот рефрен. Раскажа дека Поп Симонов инсистирал таа да ја отпее песната бидејќи била напишана специјално за неа. Реакцијата на публиката покажа дека докажаниот продуцент бил во право.