ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Не се враќаш“ (Каролина Гочева)


На првата официјална аудиција во шоуто „Х-фактор“ која преку ноќ му донесе слава во целиот регион, Кајмакоски не ја криеше возбудата дека токму тој е потпишан како автор на еден од хитовите на Гочева. Подоцна откри дека оригиналната верзија е на англиски јазик.

Даниел и Каролина првпат се виделе во Бугарија на едно музичко ТВ-шоу каде тој се натпреварувал, а таа била во жири.

- Даниел и Бертан Аслани направија одлична композиција и во моментот кога песната дојде до нас, воопшто не се двоумевме да ја земеме. Кога ја слушнавме, наша проценка беше дека за да добие уште поголем „ветар во грб“ би било идеално гитарите да ги отсвири Влатко Стефановски. Кога тој прифати, а сигурна сум не прифатил само затоа што сме пријатели, туку затоа што и нему му се допаднала песната, беше сигурно дека добитната комбинација е пронајдена–раскажа Каролина пред неколку години.