ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Пеперутки“ (Сара Мејс)


Композицијата е заедничко дело на Сара и Драган Гоцевски, стиховите ги напиша сама, а аранжманот е потпишан од Трајко Симоновски-Таци.

- Инспирација за овој рефрен ми беа емоциите кои ги чувствуваме во овој период од годината кога сè се буди, сè е разиграно, весело и предизвикува чувство на среќа. Едноставно, да ги разбудиме пеперутките во себе – објасни познатата пејачка и авторка.

Песната беше промовирана пред три години со интересна кампања на социјалните мрежи во која се вклучија нејзини пријатели од естрадата и на своите профили постираа различни фотографии инспирирани од содржината на нумерата.