ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанал хитот „Црно тиквешко“?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„ЦРНО ТИКВЕШКО “ (ВЛАДО ЈАНЕВСКИ)

Безвременската балада „Црно тиквешко“ е создадена во периодот кога се распадна дуото „Ластовица“. Стиховите за една од најубавите љубовни теми на Владо Јаневски изворно се напишани за песната „Кучка неверна“, на таа мелодиска линија.

- Кога се разиде со Роберт Саздов, Владо си го повлече текстот. На една наша случајна средба ми раскажа што се случило и брзо се договоривме јас да ја работам музиката на текстот кој беше одамна готов – откри Григор Копров во една прилика.