(ВИДЕО) ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов.

„Не ме допирај“ (Маја Оџаклиевска)

Григор Копров е автор на многу македонски хитови, а меѓу нив и рефренот „Не ме допирај“ со кој Маја Оџаклиевска во 1995 година победи на „Скопски фестивал“.

– Маја напиша феноменален текст. Тогаш беше во посебна емотивна фаза. Таа песна е премногу лична, нејзино искрено доживување и случување од љубовниот живот–откри Копров во една прилика.

На последната „Златна бубамара на популарноста“ Маја Оџаклиевска ја доби наградата за трајни музички вредности .

Аранжманот е дело на Живојин Глишиќ.


https://www.youtube.com/watch?v=bdiEFH8n1L4