(ВИДЕО) Имав многу девојки, но сите ги откачив за жена ми: Нови совети од пензионерот Тони

Најпопуларниот хрватски пенизонер со македонско потекло, Тони, со вистинско име Селмани Таљат (82) откако ја откри тајната на неговата добра форма во една ТВ анкета, сѐ уште е хит на социјалните мрежи и во регионалните медиуми.

Овој пат, во видео за „24 сата“, Тони зборува за љубовта и открива детали за своја сопруга.

„Јас бев голем фраер, имав многу девојки. Но, кога ја сретнав мојата сопруга, сите ги откачив. Да ја видите жена ми, има 70 години, а никој не би и дал ни 50“, зборува Тони во видето. Тој меѓу другото ги советува мажите како да бидат џентлмени.

„Никогаш не дозволувај жената да ти плати пијалок, биди маж. Повели злато, јас честам, па нека ти биде тоа и последниот динар. Жените сакаат кога си кавалер. И да си силен, и здрав, и тоа го сакаат. Ако даде Господ, сакаат и малку да си богат“, вели Тони во видеото, но покрај мажите, тој ги советува и жените:

„Дотерај, се, среди се, нашминкај се, за да види тој. Двајцата бидете секогаш дотерани, а вашите грижи и кавги оставете ги дома“, зборува Тони.