(ВИДЕО) ЕМОТИВЕН МОМЕНТ: Паднаа и солзи на дочекот во Загреб

На дочекот во хрватската престолнина, Загреб попладнево каде има околу 150.000 луѓе,  селекторот на репрезентацијата, Златко Далиќ заплака пред фановите. 

Движејќи се кон главниот плоштад во градот, Далиќ беше возбуден и воодушевен од  навивачите. Тој направи голем успех со  тимот. 

„Спремен сум за одмор. Ова беа два напорни месеци. Среќен сум поради времето кое го поминавме заедно, ќе ми недостигаат играчите кога ќе се разделиме. Сега ќе земам тајм аут. Никогаш не сум носел одлуки преку ноќ. Сега размислувам околу тоа среќно да се вратиме дома во Хрватска и да се одморам“- порача тој откако остана второпласирани. 

Тој е горд на своите играчи на својата земја. 

Хрватската репрезентација се врати во својата татковина после освоеното сребро на Мундијалот. Франција ја освои светската фудбалска титула.