Весна Џогани во петата деценија има тело како авион: Ослабе многу едноставно, а јаде сѐ освен една храна

Еве како се храни Весна Џогани која во својата 5-та деценија има тело како авион

Пејачката Весна Џогани не престанува да ја воодушевува јавноста со својот изглед и извајано тело во 5-тата деценија. Имено, пејачката има 41 година, а многумина коментираат дека изгледа како да има дваесетина години.

Но, затегнатото тело не дојде само по себе, а Весна со години се грижи за исхраната, а и редовно вежба. 


- Минатата година поради сиот стрес бев покриена со клиограми и нешто на стомакот, не знам како да го наречам, дали беше сало или нешто друго. А сепак, од друга страна, цело време тренирав и бев физички активна - изјави Весна пред две години. 


Пејачката тврди дека за нејзината неверојатна фигура е заслужна физичката активност повеќе од диетата и дека постепено го вовела тренингот во својата рутина. Со текот на времето, тренингот стана нејзин начин на живот. 


- Прво почнав со два тренинзи во текот на неделата, бидејќи пред тоа не тренирав ништо. Подоцна додадовме три тренинзи неделно и со тоа трениравме сѐ понапорно и понапорно. Сакам да кажам дека физичката активност е многу важна. Здравото тело и тренингот се неопходни. Секој треба да се слуша себеси, своето тело и своите потреби - вели Весна, која не ја корегирала исхраната.

- Ако ми се јаде нешто калорично, во тој момент ќе го изедам и подоцна ќе се каам. Само поради работата не можам да пијам газиран пијалак, поради гласот. Јадам грицки, сѐ и сешто. Кога ќе видам дека сум претерала, дозирам одредена храна - вели Џогани.


Фото и Видео: Инстаграм - Весна Џогани

Видеото го погледнаа над два милиони луѓе: Весна Џогани заборави да облече градник, со проѕирниот фустан направи хаос на социјалните мрежи