Вака жената несвесно ги уништува мажот, децата и целото семејство!

Дали сте повлечена и несигурна? Вие сте главната закана за вашето семејство, смета Александар Палијенко

Некогаш жените беа домаќинки, не одеа на работа и се грижеа за домот и за децата. Денес тоа  не е веќе така. Или е? Денес жените имаат милион обврски, семејство и успешна кариера. Или немаат?

Што е подобро? Што е суштината на едно среќно семејство? Тоа ни го открива популарниот руски мотивациски говорник Александар Палијенко:

Жено, кога имаш нешто да кажеш, кажи го. Секогаш кога нешто ќе премолчиш, ги изневеруваш своите сакани. Жената не мора да објаснува зошто, но важно е да каже како се чувствува.

Кога само жената се грижи за децата, таа не е исполнета и таквата негативна енергија ја пренесува на децата. Кај нив, пак, тоа се одразува со нарушено здравје, но и со проблематично однесување.

Семејството може да се распадне ако жената има потенцијал, а не го искористува максимално. Во тој случај таа смета дека не е доволно важна, дека нејзиното име и нејзиното постоење воопшто не значат ништо. Кога е повлечена и несигурна, станува главна закана за распаѓањето на семејството.

Од друга страна, кога жената е среќна и исполнета, кога таа комуницира на исто ниво со останатите членови во фамилијата, тогаш вистински се чувствува како жена, тогаш е среќна и исполнета и тоа задоволство го пренесува и на децата и на сопругот.

Кога жената ќе каже: Не го сакам тој колега или тој проект, мажот не треба да праша зошто. Жената мора да ги изразува своите чувства, а мажот мора да ја разбере. Мора да разбере дека без позитивна и креативна енергија во жената, нешто сериозно не е во ред. И не е ни важно зошто е тоа така, важно е истото да се промени.

Ако жената сака да постигне нешто повеќе, мажот треба да ѝ биде безрезервна поддршка. Подоцна, заедно ќе уживаат во задоволството кое ќе биде резултат на нејзината креативност, посветеност и добро завршена работа.

 И не заборавајте! Идејата мажот да заработува, а жената да седи дома и единствено да се грижи за децата и за домот, не е никако добра идеја!