Вака Италијанците прават куглоф за Велигден: Засладете се додека го јадете најубавото слатко на сите времиња

За велигденските празници Италијанците имаат обичај да подготвуваат сладок куглоф, во средината на кој ставаат шарени јајца - па нивниот десерт е и украс за трпезата.
Потребно е:
*3 јајца
*100 грама. путер
*50 мл. масло
*200 грама. брашно
*130 грама. шеќер
*100 грама. кандирано овошје
*200 мл. млеко
*1 лажица мармалад од шипка
*1 прашок за пециво
*1 ванилин шеќер
*1,5 лимони
*80 грама. шеќер во прав
*50 грама. лешници
Подготовка: Со миксер изматете го путер, жолчка, 130 гр. шеќер и ванилин шеќер. Додадете млеко, масло, сок и рендана кора од 1 лимон, кандираното овошје (боровинки, ананас, папаја, грозје и брусница), мармалад и измешајтезаедно. На суво тавче пропржете ги лешниците и ситно исечкајте ги и ставете ги во смесата. На крај додадетего брашното измешано со прашокот за пециво и цврстиот снег од белките.
Калапот за куглоф со дијаметар од 22 см намачкајте го со путер и посипете го со брашно, па прелијте ја смесата во него. Се пече во рерна загреана на 180 степени 50 до 60 минути во зависност од рерната. Проверете со чепкалка дали е печено.
Печениот куглоф извадете го од рерна, оставете го да се излади околу 20 минути, а потоа извадете го од калапот. Измешајте 80 грама шеќер во прав со сок од половина лимон и прелијте го на куглофот, па украсете го со чоколадни зајачиња и јајца, лешници и боровинки.
Извор: Stil.kurir.rs