Утринско кафе со Владимир Четкар: Ме мотивира страста кон животот

Чаша јогурт, овошје и јако кафе, потоа следува појадок и денот може да започне. Секогаш варира со кого го пијам првото кафе, но најчесто и најслатко ми е кога го пијам со семејството и блиските луѓе, но често пати го пијам и со луѓето со кој соработувам.

Ме мотивираат страста и љубота кон животот, постојаното усовршување и мојот авантуристички дух кој секогаш е спремен за предизвици. 

Секогаш различни во зависност какви ми се ангажманите кој најчесто сам ги одредувам. Значи плановите и обврските ми зависат од тоа дали треба да спремам нова музичка турнеја, да аранжирам, компонирам или пишувам стихови за некоја моја песна, дали свирам гитара, дали имам студиски снимања, дали вежбам гимнастика, фитнес или да возам велосипед, дали треба да патувам. 

Денот ми завршува со анализа на сработеното и со правење план за утрешните обрвски а потоа следи еден период на отпуштање и чаша винце. Вечерите како и утрата најчесто ги поминувам со семсјтвото и со најблиските.

Овие последни години искрено ретко имам време да гледам филмови, но често читам разни написи и книги поврзани со историја и здравје.

Владимир Василевски- Четкар, џез, соул и фанк артист