Утринско кафе со Сунаи Сабриоски: Ме мотивираат личните приказни на луѓето

Кога е во прашање почетокот на денот, дефинитивно алармот е тој кој што ме буди во 7 часот наутро, иако најнепосакуван звук кој што треба да го чуете, но се навикнувате нели? Додеа се обидувам да се најдам себе си и се поканам да станам, преовладува хаос, па како, па зошто, па мораше ли и денес. И тука на сам старт ги пушташ Френк Синатра и Ејми Вајнхаус со нивната музика да се расположам додека се пеглам, средувам вратоврска и шешир, а од друга страна гледам на часовникот за да стигнам првото кафе да го испијам во „Малешевски мерак“, место каде најчесто брзам да стигнам и каде најчесто првите утрински муабети се тие со пензионерите, бидејќи младите ги нема, па често се дискутира за дневните случувања и нивните романси по Југославија.

Кога кафето е на маса, низ добар муабет со случајни гости во ресоранот, почнува и дискусија за првите дневни информации кои преовладуваат и за тоа што се случило вчера. Тоа ми е најинтересен феномен бидејќи ако до пред години наназад требало да тркнеш до киоск за да купиш весник, сега некако сите тие информации ти се на маса. Сакам да кажам, луѓето се толку информирани што ќе слушнеш и информации кои ти избегале од рака.

Така да утрото ми е посебно ако кафето го испијам надвор. Често седнувам сам, но завршувам со група на луѓе кои ете поради начинот на облекување им сум доста интересен, па започнуваат со еден тон прашања, пофалби и критики кои секогаш ми се добредојдени бидејќи знам дека тоа се искрени луѓе. Се отвараат најразлични дијалози од тие за романтиките по скопските улици, па се до времето на Киро Глигоров и Тито, па сеа може да претпоставите какви се компарации се прават. А ако се случи кафето да го пијам дома тоа е буквално урлање низ музиката на Синатра, Дин Мартин, Џони Кеш и Вајнхаус, до толку се имам заборавено себе си што ја имам заборавено пеглата за алишта врз кошулата залепена (се смее).

Во суштина сум човек коj не следи правила, но сепак има некои свои принципи на кои гледам да си сум доследен бидејќи не почитувам наметнати трендови и авторитети.

Гледано од професионален аспект наредниот ден веќе ти е испланиран од претходната вечер, во координација со уредник веќе се знае времето, настанот и местото каде треба да се појавам за да се покрие одреден настан, најчесто и два, па ти следува 3 тема, па „малтретирање“ потенцијални соговорници, па убедување со монтажери и сниматели - цел еден систем со кои треба да се носиш доследно во рамките на професионалната работа бидејќи сепак сме креатори на јавно мислење, а тоа треба да е во рамките на објективноста и професионалното со точна и навремена информација.

Приватно, дневните планови се полабави без турбуленции, по кафиња, некоја кафана, шопинг, па и патувања во и надвор од државата.

Не постои нешто што може да ме демотивира колку што може да ме тресне од мотивација. Не постои едно нешто што може да кажам е да ова е тоа. Во суштина ги сакам негативците кои избрале да ја играат темната страна на дадената улога бидејќи со нив е најтешко да се објасниш, но мотивира моментот со нив кога ќе ти дојдат и ќе ти кажат, еј стварно извини во право беше. Со оглед на тоа дека сум доста експресивен и екстровертен ситни детали може да ме измотивираат. Најчесто мотивацијата ја црпам од секојдневните лични приказни на луѓето со кои се сретнувам сосема случајно. Тоа се луѓе кои ете се решиле да ја споделат нивната мака со мене, а јас со јавноста, има и такви кои едноставно останале во мене но те втурнуваат да размислиш за постапките и начинот на живеење. Искрено, без никакви драми и емпатии, луѓето кои последно време ме мотивираат тоа се лицата со попреченост (овде да не бидам погрешно сфатен, сите ние сме со некакви попречености) бидејќи гледаш низ какви општествени проблеми поминуваат и пак се среќни и успешни. Така да во одредена фаза од животот постојат различни мотиви низ кои се водам во даден временски интервал. И да, да не бидам погрешно сфатен, никогаш не се водам од тоа ако може тој можам и јас, едноставно има работи кои се дел од приватниот живот и ме мотивираат да продолжам понатаму, сите ние имаме минато кое било горчливо но ете тоа минато право сегашноста да ја гледам низ примата на иднината. 

Има денови кои траат вечно и сакаш да ти завршат во секунда, да легнеш и да се разбудиш по 3 дена, но има и денови кога уживаш и не сакаш да заврши денот. Денот завршува со самите професионални обврски, а почнува во оној момент кога се наоѓаш покрај блиските пријатели, опкружен со позитивни луе и атмосфера.

Животот е книга која често си ја препрочитувам во зависност од тоа колку добро ќе ја напишам. Шега на страна, дефинитивно книгата е мојот избор, луѓето кои ме знаат знаат дека покрај шеширите голем љубител сум на книгите, на убавата мисла. На беспрекорните драми на Агата Кристи, во моментов ја завршив кулминирачката драма  „Убиство на теренот на голф“, а веќе ја набавив и фамозната „НИЕ“ на Евгениј Замјатин. Од филмови често се навраќам на класиците каде главна улога има Хемфри Богард, Џејмс Дин и Белмондо, од поновите си барам време да го изгледам „Врба“ и секако во исчекување на новата сезона на La Casa de Papel. 

* Сунаи Сабриоски, новинар