Утринско кафе со Никола Велиновски- Црни: Викендите ми почнуваат со пријателите

Најчесто првото утринско кафе за време на работната недела го пијам надвор од дома, на работа, а викендите знам да ги започнам со пријателите.

Дневните планови и обврски секојдневно се различни. Најчесто се сведуваат на планови за музиката, каде ќе имаме следен настап со бендот, кога и во каков состав, а во однос на обврските во последниот период најмногу се занимаваме со новата преработка на „Небо сино“ за кој веќе и снимивме спот.

Главно плановите и обврските се однесуваат на музиката и нашите авторски песни „Ти си мојот сон“, „Драма“ и „Така случајно“. А по последната преработка веќе во план е и нова авторска песна за која допрва не очекуваат поголеми обврски.

За време на викендите денот завршува со настапи со бендот, но кога сум слободен најчесто завршува со пријателите и/или со девојката. Кога би бирал меѓу филм и книга. Секогаш избирам филм, претпочитам акциони филмови. 


Никола Велиновски- гитара и вокал во бендот „Риплеј“, дипломиран економист на ФБЕ