Утринско кафе со Габријела Николовска: Кумановките ја препознаа удобноста на нашиот бренд

Првото утринско кафе секогаш го пијам со мојот сопруг, кога всушност и ги планирам обврските кои ги имам тој ден.

Мојот работен ден започнува со средување на продажниот салон за сѐ да изгледа беспрекорно и комуникација со клиентите за кои секогаш настојувам да бидат услужени на најдобар можен начин. Задоволство е големо кога ќе ги видам нивните среќни лица. 

Секојдневно сум во комуникација со моите соработнички што е многу важно за да можеме да функционираме како тим, но и кафе пауза со мојата колешка со која заедно работиме во салонот.

Брендот „Bonatti“ во мојот град, Куманово, е присутен повеќе од две години и многу сум задоволна што уште од самиот почеток кумановките ја препознаа убавината и удобноста на моделите од овој бренд, а тоа резултира со многу задоволни клиенти, кои со нетрпение ја очекуваат секоја нова колекција.

Голема мотивација и сатисфкација за мене е желбата на клиентите да ги носат убавите модели, а и јас самата сум голем обожaвател на долната облека од овој бренд.

Денот обично ми завршува со моите најблиски - мојот сопруг и син кои се мојата најголема поддршка, а нивната љубов ме мотивира секој ден да бидам сѐ поуспешна. Тогаш разговараме за сѐ што нѝ се случило во текот на денот и се договараме за нашите идни планови.

Слободното време секогаш го користам да прочитам добра книга, обожавам да гледам филмови, но и да се дружам со мојата сестра, пријателите, а секогаш кога имам прилика сакам да патувам бидејќи така ги полнам батериите и сум подготвена за новите предизвици.


(* Габријела Николовска- „sales manager“ во „Bonatti“)