Утринско Франк кафе со Ивана Богатиновска: Успешните луѓе имаат внатрешен импулс што ги води напред

Не би можела да кажам дека имам фиксно работно време, најчесто тоа зависи од обврските во текот на денот. Не сум голем љубител на кафе, па секое утро го започнувам со смути и зелен чај, најчесто во домашна атмосфера со семејството.

Со оглед на тоа дека станува збор за фамилијарна фирма во која сите сме вклучени, обврските на работа на дневно ниво се динамични и променливи. Најчесто си водам и евиденција за сите активности што треба да ги направам. Во водењето на маркетингот на нашата компанија, моментално најголеми приоритети ми се комуникацијата со постојаните, како и пронаоѓање на нови потенцијални клиенти. 

Најмногу ме мотивира желбата за постојано учење и надоградување на самиот себе. Според мене, успешните луѓе имаат одреден внатрешен импулс што ги води напред. Колку повеќе успеваат во животот и остваруваат цели, толку уште повеќе сакаат и бараат дополнителни начини да успеат уште повеќе. Никогаш не треба да престанеме да работиме на себеси.

Како доста активна личност, како и преку ден, така сакам и вечерните часови да ми бидат исполнети со активности. Најчесто одам на фитнес, јога или аеробик. Обожавам да поминам во некоја од продавниците на мојата омилена „Bella“ и да си изберам ново парче облека кое ќе ми го разубави гардероберот.

Исто сакам и постојано да одам на културни настани, театарски претстави или балет. И нормално тука е и дружењето со пријателите и со семејството.

Кога би морала да избирам, не би можела да се одлучам што повеќе ме интересира, дали книга или филм. И двете работи се убави на свој начин. Сепак зависи од расположението и од што ме интересира во моментот.

( Ивана Богатиновска – маркетинг менаџер и комерцијалист на „Биромаркет Ива-про“)