Твојот СУПЕР ХЕРОЈ е во Капитол Мол!

Капитол мол продолжува да ги изненадува децата. Токму затоа пристигнувањето  на пролетта реши да го прослави со сет активности, креативни работилници, караоке програма, танц и многу шопинг и забава во текот на сите три дена. 

Во петок на 22-ри март, малите заедно со нивните семејствата ќе уживаат во фамилијарниот пролетен шопинг со супер хероите. Во паузите од шопинг за сите деца заедно со Просветно Дело организираме креативната работилница, каде сите љубители на игри со пластелин, заедно со нивниот супер херој ќе креираат интересни скулптури и фигури. За време на креативната работилница, децата ќе можат да уживаат и во face-painting. Супер хероите ќе бидат задолжени за нивната смеа, радост, насмевки и избор на нивното омилено парче во продажните места на Капитол мол. Почетокот на овој настан е од 18.00 часот, а за сите дечиња следува слатко изненадување.

Во сабота на 23-ти март, децата ќе можат да уживаат во танцовите точки на едукативниот центар Сонце, но и да се натпреваруваат во караоке шоу заедно со нивните супер херои. Почетокот на оваа саботна Капитол мол дружба започнува од 12.00 часот. Ова е прекрасна можност преку танц, музика и песна да се прослави доаѓањето на пролетта, но и да се поттикне креативниот развој кај децата. Во саботното караоке шоу изненадувањата ги подготвија игротеката Kids park и кугланата 4Bowling. 

Капитол мол прерасна во идеално место за семеен шопинг, релаксација, забава, насмевки и љубов.