Трик од баба за миење садови: Ќе ви заштеди време и пари

Ќе ви заштеди не само драгоцено време, туку и пари

Миењето садови секако не е омилена активност на ниту една домаќинка. Некои одамна ги олеснија своите животи и си обезбедија машини за миење садови. Но, има и такви што продолжуваат да висат со часови пред мијалникот, борејќи се со валкани садови.

Додека миеме садови, користиме многу детергент. Резултат - ние трошиме многу време  за самиот процес и заплакнење. Да не спомнувам колку детергент и вода трошиме.

За среќа, постои еден мал трик со кој можеме да заштедиме не само драгоцено време, туку и пари. Го научив од баба ми исега ќе го споделам со вас, напиша на својот блок Маја од Украина.

„Кога ме виде како се борам, ми ја кажа нејзината тајна за брзо и економично миење садови. Веднаш ги слушав нејзините зборови и откако завршив со вториот куп валкани садови, сфатив дека од сега па натаму, само ќе ги измивам на тој начин, по нејзиниот начин“, напиша Маја.

„Магичниот асистент на баба ми е мала чинија вода. Во неа таа истура околу 1 лажица детергент  и промешува многу внимателно“, споделува таа.

Кога ќе дојде време да ги измиете садовите, само потопете го сунѓерчето во чинијата. На тој начин брзо ќе го завршите миењето и ќе имате чисти садови.

Со лажица детергент ќе измиете полн мијалник валкани садови. Ова е одличен начин да заштедите пари. А со помалку детергент станува полесно да се исплакнат садовите, така да трошите и помалку вода.