„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува“: Го славиме Светскиот ден на книгата

Светскиот ден на книгата, познат и како Светски ден на книгата и авторското право или Меѓународен ден на книгата, е годишен настан организиран од УНЕСКО за промовирање на читањето, издавањето и авторските права. Првиот Светски ден на книгата бил прославен на 23 април 1995 година и оттогаш се одбележува на тој ден. Поврзан настан во Обединетото Кралство и Ирска е забележан во март. По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, УНЕСКО заедно со советодавниот комитет од главните сектори на книжевната индустрија ја избира Светската престолнина на книгата за една година. Секој назначен Светски главен град на книгата спроведува програма на активности за славење и промовирање на книгите и читањето.[2] Во 2024 година, Стразбур бил прогласен за Светска престолнина на книгата.[3]
Оригиналната идеја била на Висенте Клавел, директор на издавачката куќа Сервантес во Барселона, во 1922 година, како начин да му се оддаде почит на авторот Мигел де Сервантес и да се зголеми продажбата на книги. Прв пат бил прославен на 7 октомври 1926 година, роденденот на Сервантес, пред да биде преместен на датумот на неговата смрт, 23 април, 1930 година.[4] Прославата сè уште има голема популарност во Каталонија, каде што се нарекува Денот на Сант Жорди или Денот на книгите и розите.
Во 1995 година, во УНЕСКО одлучиле Светскиот ден на книгата и авторското право да се слави на 23 април, бидејќи датумот е и годишнина од смртта на Вилијам Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега, како и од раѓањето или смртта на неколку други истакнати автори.[5] (Во историска коинциденција, Шекспир и Сервантес умреле на истиот датум - 23 април 1616 година - но не во истиот ден, бидејќи во тоа време, Шпанија го користела Грегоријанскиот календар, а Англија го користела јулијанскиот; Шекспир всушност умрел 10 дена по Сервантес, на 3 мај според Грегоријанскиот календар.)
Традиционално на овој ден се испраќаат пораки за важноста од читањето книги. Така многу значајни личности учествуваат со свои пораки, придонесувајќи за значењето на книгата.
Нашиот познат македонски режисер, Милчо Манчевски, во една такава прилика ќе напише: „ Книгите ми помогнаа да си ја повратам рамнотежата и да си го најдам местото во светот. Не е важна само информацијата што ја добиваме од книгите, иако информацијата што ја добиваме од колено на колено е она што ја прави цивилизацијаѕа – цивилизација, важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето. Чувството на припаѓање…“
Читањето книги ни помага да ги прошириме видиците, да се запознаеме со други култури и религии, места, карактери и други нешта.Не само што ќе стекнеме ниви знаења и подобро ќе го разбереме светот, преку читањето нештата ќе ги гледаме од малку поинаква перспектива и ќе научиме да се соживуваме со другите и да ги почитуваме различностите.
Книгите се чудесни нешта кои ќе не одведат на места за кои не сме знаеле дека постојат. Секоја нова страница може да биде искра што ќе се претвори во идеја.
Подолу издвојуваме неколку цитати за книгите:-„Отсекогаш си замислував дека рајот ќе биде нешто слично на библиотека“
Хорхе Луис Борхес
-„Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.“
Мигел де Сервантес
-„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“
Џош Џејмисон
-„Продолжете да читате книги, но не заборавајте; книгата е само книга. Треба да научите да оформувате свое мислење.“
Максим Горки
-„Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“
Марсел Пруст
-„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат - за да запаметат и оние кои читаат - за да заборават.“
Вилијам Фелпс
-„Има и полоши злосторства од спалување книги. Едно од нив е истите да не се прочитаат.“
Јосиф Бродски
-„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“
Хенри Милер
-„Не постои полојален пријател од книга.“
Ернест Хемингвеј
-„Читањето ни носи непознати пријатели.“
Оноре де Балзак
-„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства.“
Владимир Набоков
„Соба без книги е како тело без душа“-
Цицерон