TEШКО ЌЕ ЗАБРЕМЕНИТЕ: Овие знаци го покажуваат тоа

Научниците тврдат дека постојат рани знаци кои можат на време да ве предупредат на потенцијална неплодност или на одредени фактори на ризик кој може да ви ја отежне намерата да добиете дете.

Неправилни менструални циклуси

Менструацијата може да биде неправилна само на почетокот бидејќи на телото му се потребни неколку години да се прилагоди и усклади со темпото на созревање, но во текот на годините циклусот треба да стане уреден и потполно правилен. После тинејџерските години, неправилниот циклус треба да ви запали црвена лампа бидејќи може да означува проблеми со овулацијата, а со самото тоа и со неплодност. 

Премалку/Претерано крвавење и грчеви во текот на менструацијата

Нормалното крвавење трае од три до седум дена, а се’ што е помалку и повеќе од тоа укажува на некој здравствен проблем. Доколку вашите крвавења се интензивни и трпите силни болки, значи дека мора да посетите лекар. Останатите симптоми кои може да укажуваат на неплодност се: -значајни промени во количината на крвавење -значајни промени во времетраењето на крвавењата -тешки менструални грчеви -невообичаено временско растојание помеѓу два циклуса, силните болки кои го отежнуваат секојдневното функционирање може да бидат знак за ендометриоза или инфламаторни (воспалителни) болести на карлицата, а двете можат да предизвикаат неплодност. 

Посебно внимавајте ако сте над 35 години!

Плодноста кај мажите и жените опаѓа со годините, а ризикот од неплодност се зголемува кај лица постари од 35 години и продолжува да расте со секоја следна година. Жена од 30 години има 20 проценти шанси да зачне секој месец, а жена од 40 години има само 5 проценти шанси. Жените постари од 35 години имаат и поголеми шанси да добијат спонтан абортус. Иако мажите го тврдат спротивното, сепак годините влијаат и врз нивната плодност, иако не толку драстично како кај жените. Здравјето на спермата кај мажите постари од 35 години е загрозено, па нивните деца имаат поголеми шанси да заболат од шизофренија или да развијат аутизам.