Тешката животна приказна на познатата Шарлиз Терон: Мајка ѝ го убила татко ѝ, а таа сѐ гледала

Ако се навратиме наназад холивудската актерка Шарлиз Терон не може да се пофали со среќно и безгрижно детство. Нејзиниот татко се борел со алкохолот, бил насилен и нејзината мајка го убила во самоодбрана.

- Тогаш се правев дека тоа не се случило, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им кажував дека мојот татко загинал во сообраќајна незгода. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе кажете дека татко ви е алкохоличар кој го убила вашата мајка. Не сакав да ме гледаат како жртва - откри таа.

Иако и е тешко да се сеќава на се што преживеала, таа призна дека тогаш живеела во константен страв од татко си. Секој ден се будела плашејќи се какво ќе биде неговото расположение тој ден.

- Горда сум што го преживеав тоа- изјави актерката.

Кога една ноќ, нејзиниот татко Чарлс се вратил дома во видно пијана состојба и почнал да вика и да се заканува дека со пушка ќе ја убие сопругата и ќерката, за жал ова не биле само празни зборови и тој ја земал и почнал да пука во собата на Шарлиз. Уплашена за својот живот и животот на својата ќерка, Герда му го земала оружјето и го усмртила.

Мајката на Шарлиз Терон поради самоодбрана, е ослободена од обвинение.

Шарлиз при едно интервју призна дека редновно конзумирала марихуана за да се справи со несоницата која ја мачи во животот.

- Многу години пушев марихуана умерено. Не ме интересира дали некој ќе ме осудува, па јас тоа отворено го кажувам. Со задоволство пак ќе ја пробам, бидејќи можам да се контролирам. И сакам да ја пробам бидејќи имам проблем со несоница. Подобро и тоа отколку да пијам лекови за спиење. При првата следна прилика ќе ја пушам повторно со мојата мајка. И нејзе ја мачи несоница- изјави Шерон.