Те сакам те сакам те сакам

Овојпат многу кратко. И многу конкретно.

Имав пребурен месец со милион и едно случување и милион и една промена. Таква сум, таква ми е кармата, во два дена се ми се менува од корен. Работам за сто луѓе, се борам со демони и ветерници, ама сум среќна. Во моментов сум со луѓе што ги сакам безусловно многу, луѓе со кои времето ми нема траење и мерка, што сакам да ги имам покрај себе додека ме држи срцево да ги сочувам.

Јадеме сѐ што никој на светов не смее, гледаме демек Евровизија, а во суштина мрчиме за све што хода околу нас. Цел месец сум некаде и НЕМАВ ВРЕМЕ КОГА да ги видам како што треба, да поделиме заедно се што ни промакнало во изминатиов период, да се смееме како да нема утре. Не броиме калории, не броиме минути. Денеска ко за инат, ни цркна телевизорот, ни снема интернет и пукна сијалица. И ко за најинат, со насмевка од уво до уво, се најде решение и еве не дремеме пред лаптопче со звучници од 92!

Каде сте вие? Каде ќе одите вечерва? Кому ќе му го подарите вашето време?

И дали на тој покрај вас, ќе му кажете колку го сакате и колку не сакате да бидете без него или неа?

Ве чекам во инбокс со коментари, сакам да знам КОМУ ќе му го подарите вашето време, а следниот пат јас ќе ви дадам повеќе од моето, и ќе зборнеме малку за тоа кој кому колку му вреди, колку е важно внимателно да го давате вашето срце само на оној кој знае како да го сочува, и уште поважно, колку е важно да се сочувате вие самите.

Јас сум Ивана Кнез, Те сакам Те сакам Те сакам.

Секој ден сѐ повеќе и сѐ позрело.

Се читаме следната недела.