Те чувам и те слушам: Весна Бејби со емотивна посвета за Тоше Проески

„Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, ќе се замагли споменот. Нема врска! Исто е како оној вторник.Те чувам и те слушам.“ Ова е дел од емотивниот статус кој вечерва познатата актерка Весна Петрушевска му го посвети на Тоше Проески во очи на утрешниот ден - 16 октомври кога се навршуваат 11 години од смртта на легендарниот македонски пејач.

Во продолжение целата посвета:

Најсакан мој Ти, 

За мене оној 16-ти октомври е секогаш ден порано. Поминаа единаесет години од оној мрачен и маглив вторник. Таму каде беше…тука сончев и топол ден. Се сеќавам на ладниот ветер, не знам зошто. Првата мисла кога слушнав е дека никогаш нема да те видам и да те гледам насмеан и распеан. И утре е вторник….Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, ќе се замагли споменот. Нема врска! Исто е како оној вторник.Те чувам и те слушам. Ќе ги слушнат и новите песни…ама знам дека фантазијата е пожестока од знаењето, сонувањето за кое зборуваше е вистина, надежта која ја делеше наоколу е најголемата победа и покрај сите муабети што ги слушаше за себе, а смеата која ја слушам ден денес е најголема утеха за тагата. Верувам дека љубовта е посилна од смртта. 

Твојата љубов! 

Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно.

Те сакам……..