Изострено перо // Поезија
Тања Кармзова Костиглиола: Кондензирани милувања
Ќе се доближат, знам,
нашите концентрирани
страсти,
превриени и исцедени
во Аламбик*
од испружени
фрустрации
низ времето и бремето
на воздушните линии.
И можеби, ох, можеби,
ќе ни се разредат
секретите едни во други,
дури на увце ни цимоли
ударот на часовникот
во ритамот на
пресметани минути,
затворени во капсула
на неповтор.
*Аламбик - стара, бакарна опрема (рачно функционирање) за производство на етерични масла
Фотографија: Јулијана Зафирова (Julia Zafirova Photography)