Тамара: Возбудена сум и горда, вечерва ќе го дадеме максимумот

За помалку од половина час Тамара Тодевска ќе го има финалниот настап на годинашниот „Евросонг“. Очекувањата на македонската јавност овојпат се големи.

- Многу сум среќна, возбудена и горда. Вечер ќе го дадеме максимумот - кратко ни одговори Тамара кога ја побаравме денеска.

Ќе настапи под редниот број 8 кој за неа симболизира бесконечност.

- Тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим - ни изјави Тамара од Тел Авив.

„Женски Магазин“ го контактираше и Коста Петров, ко-авторот на стиховите за Proud и човекот кој има голем удел во осмислувањето на нашата евровизиска кампања.

- Супер се чувствуваме. Максимално сме посветени за вечерва сѐ да биде најдобро. Ви благодариме на поддршката - ни напиша Петров од Израел.

Вечерва ќе се дознае победникот на 64-то издание на Изборот на Песна за Евровизија. „Осмели се да сонуваш“ е годинашното мото. Целата македонска јавност навива за Тамара, и според досега прикажаното се чини дека нашата земја конечно има адут за историски успех на ова натпреварување. Нашиот највисок пласман сѐ уште е 12-то место од 2006 година кога во Атина нѐ пртставуваше Елена Ристеска.

Ѓ.С.