Тајра Бенкс се почести со луксузна куќа вредна 42 милиони долари

Манкенката Тајра Лин Бенкс издвои 42 милиони долари за куќа од соништата. Луксузната вила од 570 метри се наоѓа во Лос Анџелес и има спектакуларен поглед кон целиот брег.

Четириесет и четиригодишната манекенка во својот дом може да ги угости своите пријатели и семејството бидејќи нејзиниот нов дом има 5 спални соби и 5 бањи.

Покрај голема дневна соба, кујна и трпезарија, куќата има и голема соба со кино платно и билјард. А највозбудливиот дел е рамниот кров на кој има сместено џакузи со поглед на градот.