Тајните за песните на Цеца: Стиховите на овие неколку големи хитови пејачката сама ги напишала, а оваа песна не сакала да пее
Малкумина знаат дека Цеца Ражнатовиќ се испробала во улогата на текстописец и дека напишала текстови за некои од нејзините најголеми хитови.
Светлана Цеца Ражнатовиќ во една прилика откри дека дури и таа во неколку наврати се обидела да биде текстописец, а набројала и неколку нејзини најголеми хитови во кои учествувала што се однесува до самиот текст.
„Ja напишав „Pustite me da ga vidim“ и напишав дел во песната „Beograd“, „ovo sećanje ruši meni sve, moj Beograde, zagrli me“, а потоа ја напишав втората строфа за песната „Oproštajna večerа“. „Pustite me da ga vidim sama“ , а останатото со Марина. Во песната, „Isuse“, зборовите „ ajde, bre, daj ne laži me“ кои го поистоветуваа дека му се обраќам на Исус, но јас се обраќам на ликот во песната, а не на Исус. Но да ви кажам нешто искрено, не ми се допаѓа тој експеримент, можам да направам мала отстапка, но со консултации повеќе сум за тоа да им оставам се на професионалците и секој да го работи она за што е талентиран, а јас знам да дадам емоции“, открила Цеца.
„Beograd“ - 1995 година, напишана од Дино Мерлин
- Дино Мерлин специјално ми ја направи песната „Zaboravi “ и кога ми ја отсвири таа нумера ми рече дека има прекрасна песна која е направена за дует што требаше да ја сними за неговиот албум. Ми ја даде песната „Beograd“. Ја префрлив песната на соло изведба. Тоа е целата вистина – објасни најпопуларната балканска ѕвезда.
„Didule“ - во 2016 година - не сакаше да пее ни збор
Песната „Didule“ се наоѓа на последниот албум на Цеца „Аутограм“, кој предизвика големо внимание, а Цеца го објасни значењето на таа песна.
- Самата игра на зборот „didule“ нема никакво значење. Додека работел Дамир Хандановиќ, тој дел го вметнал во песната додека пеел на демото. На Марина и се допадна и побара да остане. Мене лично ми пречеше тоа што нема значење, бидејќи сакам песни со порака и јасни слики. Анастасија рече дека не е важно, ќе пеат затоа што е забавно. Го послушав нејзиниот совет и си заминав - рекла Цеца.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs