СТРЕЛЦИ И ЈАРЦИ: Што е тоа што ги прави посебни луѓето родени во декември?

Последниот месец во годината, по правило е „резервиран“ за почеток на сезоната на празниците и зимските радости. Исто така тоа е и време кога треба да „собере“ се што сте постигнале во текот на дадената година. А, што е со лицата родени во декември? Каков карактер имаат? 

Луѓето родени во овој месец во хороскоп се Стрелци и Јарци, нивниот скапоцен камен е тиркизот, а цвет – нарцис.

Декември е еден од најладните месеци во годината, а по многумина и највесел. Луѓето родени во овој месец делат Исти карактеристики, тие се: РОМАНТИЧАРИ, ОПТИМИСТИ,  ТАИНСТВЕНИ, УБЕДЛИВИ, ТАЛЕНТИРАНИ И ИНТЕЛИГЕНТНИ, ИСКРЕНИ, ЛОЈАЛНИ, ЕНЕРГИЧННИ И ЛЕСНО ПРИЛАГОДЛИВИ.

Луѓето родени во овој месец се делат во 4 групи, а ова е значењето на секоја од нив.

Од 1 до 8 декември

Отпорни се на невољи. Столбови на нивниот живот се доследноста и стабилноста. Некои на прв поглед се малку арогантни, но всушност се полни со самодоверба. Имаа изразена снага, волја и ги одликува храброст. Многу се друштвени и сакаат да бидат меѓу луѓето.

Од 9 до 15 декември

Ако ви е потребен некој за конструктивен разговор или рамо за плачење, луѓето родени во овој период сигурно ќе ви помогнат. Одлични се во давање совети, силни и без проблеми се снаоѓаат кога ќе наидат на некоја животна препрека. Снаодливи се во решавањето на проблеми, како на своите, така и на туѓите. Одлучни се и посветени на остварувањето на своите цели.

Од 16 до 22 декември

Овие личности како да се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слободата и живееат живот според сопствени правила, без да се оптоваруваат што мислат останатите.

Одлично се снаоѓаат со работите кои од нив бараат добра концентрација. Имаат развиен смисол за мода и секогаш привлекуваат внимание.

Од 23 до 31 декември

Нема да пронајдете пооптимистични луѓе од овие родени во овој период. Многу се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со голема посветеност кон семејството и пријателите.

Кога е во прашање пријателството, многу се пребирливи и не допуштаат лесно нови луѓе во својот мал близок круг, а кога тоа ќе го дозволат, тоа значи дека го задоволиле нивната доверба. Креативни се и полни со одлични идеи. Тие сакаат патувања и ја користат секоја прилика за заминат негде, барем на еден ден.