Страшни или убави моменти: Што значи да се сонува снег?

Снегот во соништата носи различни значења, обично ако е бел и паѓа или во тој момент времето во сонот е светло, тоа значи радост. Ако времето е темно, снегот е во боја, или премногу длабок, тоа значи тага. Фрекфенцијата на соништата е поврзана со годишните времиња, затоа се очекува да се сонува снег, повеќе во зима. 

Ако во сонот гледате снег, тоа укажува на тага. Можно е во наредниот период да се сеќавате на драги луѓе и спомените што оставиле најсилен впечаток за вас. Ќе ви биде драго што сте доживеале такви прекрасни работи, но и тешко затоа што сте свесни дека многу од нив никогаш повеќе нема да се случат. Во вас, снегот ја буди носталгијата и ве враќа во детството. 

Ако сте виделе како паѓа снег во сонот, тоа значи дека работите ќе одат онака како што сакавте. Вие сте неизлечив оптимист кој сè уште верува во Дедо Мраз и нови почетоци. Позитивниот став најмногу ќе ви помогне да ги решите работите во ваша корист.

Ако видите дека снегот паѓа и атмосферата на сонот е јасна, тоа симболизира радост. Веројатно ќе најдете повеќе време за драгите луѓе и со тоа ќе им покажете колку се грижите за нив. Ќе се обидете да не ги оптоварувате со вашата работа и другите обврски што создаваат напна атмосфера.

Кога гледате многу длабок снег во сонот, тоа означува непријатни спомени. Да се ​​сонува дека поминувате низ длабок снег е симбол на тешки спомени. Најдобро ќе ви биде да се ослободите од товарот на минатото и да ја кренете главата нагоре. Стравувањата од лоши искуства може само да ве спречат да доживеете нови и подобри работи.

Ако снегот од сонот е црн или темно сив и нечист, без разлика дали е ноќ или ден, сонот укажува на тоа дека доживувате болести или здравствени проблеми. Може да биде нешто безопасно како настинка или воспаление на мускулите, но исто така може да биде и посериозна болест.

Сонот каде што гледате или допирате црвен или крвав снег е негативен сон, што укажува дека ќе бидете близу до расправија што може да заврши во насилство. Не е задолжително да бидете учесник, можно е и вие да бидете само набљудувач.