Стил на неделата: Светкав црн костим за модерен деловен изглед во оваа работна недела

Одлуката за кое парче од гардероберот да се најде на Вашиот дневен ред за модна комбинација за на работа, сигурно секојдневно Ви задава главоболка. За да Ви помогнеме, ние го имаме совршениот „аутфит“ за оваа работна недела.

Станува збор за црн костим, кој е толку практичен и лесен за комбинација, а сепак изгледа елегантно и тренди. За да покажете автентичност, Ви предлагаме да ја избегнете класиката, и да го изберете деловниот костим „Feria“, бидејќи ќе имате палто и здолниште над колена во црна боја, но со светки. Сигурно знаете дека светкавите детали во умерена доза се хит број еден сезонава.

Доволно е да го дополнете изгледот со кошула во контрастна боја ( во случајов нежно розова) и со модерни чевли.

Секако бидејќи времето е ладно, не смееме да помислиме на оваа комбинација да не додадеме тренди капут.

Пристојната должина и квалитетната волна на капутот „Stela“, кој повторно го избираме во црна боја со која изгледаме деловно, а сепак модерно.


Моделите од колекцијата на „Bella“, во кои е облечена Загорка Видоевска, може да ги погледнете ТУКА.