Стил на неделата: Едноставен и префинет комплет со интересен дезен

Како инспирација за стил на неделата го имаме изборот на госпоѓата Катерина Котларовска. Станува збор за елегантен и едноставен комплет на палто и фустан со многу интересен дезен.

Рамномерните квадрати во црна боја, на основата која е во потемна сива боја- го отсликуваат Вашиот вкус за префинетост. 

Станува збор за две одделни парчиња во ист дезен. Фустанот е со асиметричен крој во долниот дел, кој изгледа навистина привлечно за очи.

Палтото пак дефинитивно може да го искористите во многу други минималистички комбинации.