Стил на неделата: Дани Димитровска во совршени есенски комбинации

Пејачката Дани Димитровска е жена со свој изграден стил, во кој секогаш доминира едноставноста. 

Оваа есен, Дани има три совршени комбинации кои ќе посакате веднаш да се најдат во вашиот гардеробер, а истите може да ги најдете во продавниците на Fashion Group Macedonia.

1. Квалитетен волнен капут со црно-црвен дезен, искомбиниран со црни панталони и маичка, и чизми во леопард принт.


2. Елегантен стил со фустан во флорален дезен, кадифен елек и елегантни чизми на висока потпетица.

3. Откачен аутфит, со карирана кошула-фустан и фармерско палто, и чанта со натпис.