Стил на неделата: Црн костим и кошула со дезен за модерна работна недела

Оваа работна недела имам топ предлог за Вас. Станува збор за неколку парчиња во кои веруваме ќе се заљубите и ќе посакате да ги купите. 

Имено кошула со интересен дезен е нешто кое мора да се најде во Вашиот гардеробер периодов. 

Искомбинирана со класичен црн костим, резултатот е модерен деловен изглед, кој би го посакала секоја дама.

Едноставниот крој на костимот, дозволува да го носите во секоја пригода. Она што е супер е дека парчињата функционираат и одделно. Односно ова црно здолниште до колена може да се комбинира и со други модни парчиња, исто како и едноставното палто со златни копчиња.

Аутфитот надополнет со црни високи чизми, а монотонијата разбиена со црвена чанта. Класикот- црн капут е само јаготка на фантастичниот стил на неделата.