Стил на месецот: АВГУСТ во кошула-фустан!

Конечно пристигна и август со своите топли температури. Дали бевте на летен одмор или ќе одите, имаме парче за вас кое мора да се најде спакувано во вашиот куфер. Станува збор за кошула-фустан која ја коментиравме во неколку наврати, па едно е сигурно, тоа е совршеното парче облека во кое ќе се чувствувате удобно и модерно во текот на летото.

Оваа кошула фустан во црвено бели пруги со тренди сандали на мала штикла- и вие сте подготвени за дневна прошетка.

Шеширот ќе ви послужи за да се заштитите од Сонцето и да изгледате многу трендовски.

Но оваа иста кошула е одлична и за бели панталони.

Црвени наочари и црвени сандали, како и плетена торба- вие ќе бидете тотално модерни овој август!