Стил // Стил на денот
Стил на денот: Водителката Елена Стојановска во елегантна-шик кошула која треба да ја има секоја дама

Одличен избор
Водителката Елена Стојановска Јанковска важи за дама која негува повеќе елегантен стил. Најчесто ја гледаме во смирени тонови, практични парчиња, удобни но и трендовски.
Овој пат таа за утринската емисија носеше интересна комбинација на здолниште и кошула.
Здолништето е безвременско и може да се носи за секоја пригода, од вечерни излегувања, за работа или за кафе шема. А кошулата е вистински тренд периодов, а особено според модните критичари ќе се носи пролетта.
Валкано бела кошула со црни точки и тренди ситни панделки на средината на кошулата, кои ги следат копчињата.
Р.Ж.М.
Фото: инстаграм