Стил на денот: Викторија Бекам во фустан од рециклирани материјали

Познатата модна дизајнерка Викторија Бекам беше видена во Њујорк во сосема неочекувано колоритно издание. За деловна средба, таа избра невообичаена светла облека со шарена шема во различни пастелни бои.

Тоа е фустан од нејзиниот дизајн, и е направен од рециклирани материјали. Поточно, создаден со спојување на неколку кошули.

Овој стајлинг, Викторија го надополни со пастелни зелени чевли и преголеми очила за сонце Céline кои се нејзин заштитен знак.