Стил на денот: Фармерска јакна под капутот

Слоевитото облекување е дефинитивно тренд кој го пратат светските модни блогерки. Овојпат во интерес на ладното, но сончево време ви нудиме една алтернатива која сигурно ќе ви се допадне.

Може да носите фармерска јакна под вашето зимско палто, со која ќе изгледате тренди, а во исто време ќе имате две опции на вас во зависност од временската прилика.