Стил на денот: Елизабет Харли во преубаво пинк издание

Стилот на оваа актерка ја прави претпознатлива како дама која знае како да го привлече секое внимание. Овојпат ја имаме во силна розева боја, во долг фустан на едно рамо, украсен со тенко златно ременче кое совршено ѝ одговара со златните сандали.

Неутралната шминка со фокус на розеви тонови ја истакнуваат нејзината природна убавина и потполно се вклопува со фустанот од прозирен муслин со дискретен шлиц.