Стигна дијагнозата која ја скамени: Ана Бекута ја води најтешката битка во животот, светот ѝ се сруши за миг

Здравствената состојба на Ана Бекута е загрижувачка

Ана Бекута пред четири години доживеа прединфарктна состојба и оттогаш до неодамна се грижеше за исхраната и негуваше здрави навики. Првенствено се хранела здраво поради високиот притисок и холестеролот, но и поради линијата која на тој начин ја довела до совршенство.

Меѓутоа, нешто ја исфрлило од колосек, па за само пет месеци се здебелила повеќе од десет килограми, поради што повторно има проблеми со високиот притисок.

- Она што најмногу влијае на нејзиното здравје е стресот на кој е изложена секојдневно, како за време на настапите, така и за време на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, каде честопати има тензични ситуации и со кандидатите и со колегите од жирито. Луѓето не го сфаќаат сериозно овој проблем, притисокот е сериозна и подмолна болест.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


- Организмот не е машина која кога ќе ја навиваш да работи со исто темпо цело време. Лекарите ја предупредија дека мора да се врати на стариот режим бидејќи нејзиното здравје е загрозено. Мислам дека сега сè ја стигна, го изгуби Мрко, нејзиниот најголем поддржувач, а потоа мајка ѝ, сè повеќе ѝ недостигаат, не се чувствува добро.

- Мислам дека наоѓа некаква утеха во храната. Едноставно, таа е во период кога си дава оддишка, но не може така уште долго. Жал ми е бидејќи таа навистина напорно работеше на таа диета, благодарение на неа не ги пие повеќе таблетите за висок крвен притисок, ја подобри крвната слика и го намали холестеролот. Но, таа се чувствуваше одлично, имаше и секојдневни физички активности кога ситуацијата, поточно работата и го дозволуваше тоа - раскажува пријателката на Ана за „Свет“.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Здравствената состојба на Ана Бекута пред неколку години беше крајно нарушена, а пејачката се сеќава на времето во 2019-та година кога реши да ги смени лошите навики:

- Забележав дека дишам потешко, дека килограмите ме гушат и тогаш почна сè - изјави пејачката која со години беше упорна, а сигурни сме дека повторно ќе ги преземе работите во свои раце бидејќи веќе е докажано дека може.

Извор: svet-scandal.rs