СРЕБРЕНА СВАДБА : Офелија и Зоран Џорлеви слават 25 години љубов

Докажаниот музичар и автор Зоран Џорлев и неговата сопруга Офелија денес слават 25 години заеднички живот. „На 20 јуни 1993 година се заколнавме пред Бога на верност и еве тоа трае две и пол децении“, напиша маестро Џорлев на неговиот профил на „Фејсбук“ споделувајќи со фановите впечатлив колаж со семејни фотографии.

Зоран ја запознал Офелија на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта.

- Имаше многу гости во кафеаната, но мојот поглед падна таму каде што требаше. Во животот нема ништо случајно. Целиот живот бегав од Струмица, градот во кој сум роден и мислев дека нема да земам жена оттаму. Но, патиштата господови се чудни, иако не се случајни – изјави тој  во една прилика.

Истата година се вериле, а свадбата ја направиле следното лето. Познатата двојка ги има синовите Наско и Мартин.

Ѓ.С.